Адвокатите во адвокатската канцеларија поседуваат експертиза во делот на надомест на нематеријална и материјална штета по сите основи со над дваесетгодишно искуство во оваа област. За нотирање е фактот дека ментор на адвокатите во канцеларијата беше покојната Маруша Митровска, легендарен адвокат во оваа област на правото.
Адвокатската канцеларија Јанаки Митровски се залага за максимално почитување на работничките права. Оттука дава правна помош при работни спорови од секој тип и за работници и за работодавачи. Надомест на штета сторена од работник или работодавач, неисплатени плати и придонеси, додатоци на плата и ноќна работа, мобинг.
Како етаблирана канцеларија која практикува кривично право, адвокатската канцеларија Јанаки Митровски е со екстензивно искуство во областа од условно речени најлесни до условно речено најтешки дела предвидени со кривичниот Законик.
Адвокат Јанаки Митровски има застапувано над 320 семејни спорови во тринаесетгодишна кариера. Семејно насилство, развод на брак, старателство и издршка како и делба на имот стекнат во брак.
Адвокатите во адвокатска канцеларија Јанаки Митровски се со две децениско искуство во областа на облигациони односи. Поседуваат експертиза во делот на склучување на договори од сите области, правни совети и консултации, лиценцирање.
Канцеларијата на адвокат Јанаки Митровски има обемно искуство во областа осигурување и застапува некои од најголемите осигурителни компании во Македонија.
Како еден од пионерите во активизам за легализација на канабис во медицински и рекреативни цели, адвокат Јанки Митровски пружа правна помош во областа на лиценцирање на правни лица за одгледување и екстракција на канабис, GMP стандарди.
Пружаме правна помош како регистрациони агенти во основање на правни лица и секаков тип на промени.