“

At his best, man is the noblest of all animals; separated from law and justice he is the worst.

 

Aristotle
Да се биде успешен во својата област, бара посветеност, истрајност и љубов кон професијата. Да се биде успешен адвокат, потребни се: страст кон работата или како што велат „одберете работа што ја сакате и никогаш нема да работите ниту еден ден во животот“, чувство на емпатија кон клиентите кои во нашите раце ги оставаат своите проблеми, комуникациски вештини за да се поврземе со клиентите, но и со судиите и колегите, подготвеност за слушање на клиентите, сведоците, колегата од спротивната страна и судот со што се земаат предвид сите информации, се анализираат и се креира план за акција, креативност, за да се излезе надвор од она што е очигледно и да се најде решение за проблемот, упорност и истрајност, за да се дојде до целта иако некогаш е навидум невозможно, разумен сомнеж и скептицизам, со кој се земаат фактите предвид, а не претпоставките, познавање на законите, кое не завршува со учење на законските прописи, туку продолжува со континуирано надградување.
КОНТАКТ
janakimitrovski@gmail.com
·   Пон – Пет 08:30-16:30
 
·  02/3130-213

ЗАПОЗНАЈ ГО НАШИОТ ТИМ

РЕКОА ЗА НАС

Емил Кратовалиев

Како резултат на 15 годишната успешна соработка, упатуваме препорака за покажаната извонредна услуга и посветеност во работењето од страна на Адвокатската канцеларија Јанаки Митровски. Нивната стручност, професионалност и посветеност ги надминуваат нашите очекувања, обезбедувајќи непречено и успешно решавање на нашите правни прашања, наплата на нашите побарувања и заштита на нашите интереси.

Директор на правен сектор и Член на Управен одбор УНИКА АД Скопје

Проф. д-р Никола Тупанчески

Адвокатската канцеларија “Јанаки Митровски” е новиот релевантен импулс во македонската правна “орбита” кој влева надеж, максимално професионална, интелектуално интригантна и присутна со својот персонален хабитус. Нивниот пристап/експресија повремено ги надминува границите на ригидната правна релација и добива холистички карактер. Поедноставно кажано, станува збор за симбиоза на авангардност, високопрофилни и амбициозни репрезенти на македонската јудикатура, кои се максимално мотивирани за рекомпонирање на сеприсутните стереотипи.

Професор во областа на казненото право

Проф. д-р Гордана Лажетиќ

Јанаки го запознав на првиот циклус, на предавањата по Казнено процесно право. Дипломираше во 2009 година, но уште како студент ми остави впечаток како храбар и подготвен да го изнесе својот став и мислење за многу случувања, секогаш имаше коментар за состојбите. Воедно, ми останало во сеќавање и дека беше упорен во одбрана на ставовите со аргументи и објаснувања, воден од чувството за правда и правичност. Елоквентен, гласен и брутално искрен, честопати со жаргонски и неконвенционален стил на изразување. Тој е вљубеник во правната професија, за којшто формалните авторитети немаат големо значење, освен ако тој нив така не ги доживее. Јанаки уште подобро го запознав додека му бев ментор на магистерскиот труд којшто го одбрани во 2014 година. Верувам дека секој што подобро го познава ќе се согласи со мене дека е емотивен во пофалбите, но уште поемотивен во критиките, човек што секогаш го кажува она што го мисли, без оглед дали со тоа ќе предизвика симпатии или полемики кај слушателот/публиката. Му посакувам долга и успешна правничка кариера!

Професор на катедра по казнено процесно право при „Јустинијан Први„

Проф. д-р Александра Деаноска Трендафилова

Извонреден тим предводен од адвокат Јанаки Митровски, кој на секој проблем му пристапува сеопфатно, стручно и мултидисциплинарно. Професионални, но и општествено одговорни, членовите на тимот на адвокатската канцеларија “Јанаки Митровски“ се присутни и во судниците, но и во стручните и научните дебати и меѓу граѓаните. Тие се репрезенти на најдобриот круг правници во македонското општество што гарантира услуга на заштита на правата на граѓаните и нивно претставување пред судовите и другите институции на највисоко ниво.

Професор на катедра по казнено материјално право при „Јустинијан Први“

Проф. д-р Александар Стојков

Темелно подготвени, исклучително совесни, многу дисциплинирани и секогаш достапни борци за правда за своите клиенти. Нивната примарна движечка сила е задоволувањето на правдата, честопати и на штета на заработувачката. Со огромен ентузијазам, победнички тимски дух и врвна професионалност, адвокатската канцеларија на Јанаки Митровски со зачудувачки успех се пробива низ судските и административните лавиринти, максимално штитејќи го интересот на своите клиенти.

Професор на катедрата за економски науки при „Јустинијан Први“

Аднан Емровски

Од досегашното искуство со aдвокатска канцеларија Јанаки Митровски може да речам дека истите нудат одлична услуга во секој поглед од правно советување, застапување и бранење на интересите на своите странки. Упорноста, знаењето, искуството, доверливоста и транспарентноста им се на највиското ниво а поради кои ги препорачуваме како иден партнер за соработка.

Директор на сектор за правни работи и човечки ресурси - УНИКА ЛАЈФ АД Скопје

Маја Глигоровска

Почитуван Јанаки Митровски да бидам искрена со Вас, би сакала да ја искористам оваа прилика и да Ви се заблагодарам што бевте мој адвокат па дури и Ве ценам за многу острите преговарачки вештини што ги имате во Вас. Отсекогаш сум слушала пофални зборови за Вас и за Вашиот начин на работа и за тоа како успешно се справувате со случаевите. Искрената благодарност за Вашиот професионализам, за Вашата посветеност што ја имате во себе – она за што, всушност сте заслужни да бидете мојот совршен избор кога станува збор за адвокати.Маја Глигоровска.

Супермодел

Правен совет

    Трудови