
Јанаки го запознав на првиот циклус, на предавањата по Казнено процесно право. Дипломираше во 2009 година, но уште како студент ми остави впечаток како храбар и подготвен да го изнесе својот став и мислење за многу случувања, секогаш имаше коментар за состојбите. Воедно, ми останало во сеќавање и дека беше упорен во одбрана на ставовите со аргументи и објаснувања, воден од чувството за правда и правичност. Елоквентен, гласен и брутално искрен, честопати со жаргонски и неконвенционален стил на изразување.
Тој е вљубеник во правната професија, за којшто формалните авторитети немаат големо значење, освен ако тој нив така не ги доживее. Јанаки уште подобро го запознав додека му бев ментор на магистерскиот труд којшто го одбрани во 2014 година. Верувам дека секој што подобро го познава ќе се согласи со мене дека е емотивен во пофалбите, но уште поемотивен во критиките, човек што секогаш го кажува она што го мисли, без оглед дали со тоа ќе предизвика симпатии или полемики кај слушателот/публиката. Му посакувам долга и успешна правничка кариера!
Професор на катедра по казнено процесно право при „Јустинијан Први„