Јанаки Митровски

Основач и адвокат

Emailjanakimitrovski@gmail.com

Биографија

Јанаки Митровски магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во 2014 година, со труд на тема „Легализацијата како начин на сузбивање на трговијата со наркотици“.

Тој е еден од основачите на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ – Скопје. Автор е на повеќе стручни трудови објавени во домашните списанија „Правник“, „Правоматика“ и „Дроги – политики и практики“, како и во The New Federalist. Автор е и на два научни труда објавени во рамките на меѓународни конференции одржани на правните факултети во Скопје и Битола.

Бил панелист и на Central European Cannabis Forum во Варшава, Полска. Бил предавач на Академијата за судии и јавни обвинители и одржал бројни предавања на речиси сите правни факултети во земјава.

Член бил на работните групи за Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права и Поглавје 24 – Правда, слобода и безбедност.

Во 2021 година бил дел од работната група на Владата на Република Македонија за декриминализација на канабисот, а во 2023 и 2024 година учествувал во работната група при Собранието за измени на Законот за заштита и благосостојба на животните. Бил предавач и учесник на бројни домашни и меѓународни правни конференции.

Области на делување: кривично право, надомест на штета, семејно право, осигурување, канабис легислатива, регистрационен агент.

Течно зборува англиски и влашки јазик.

Парцијално зборува албански и романски јазик.